Центарот за Еднакви Можности „Бубамара“ денеска организира „Изложба без име“ во Стара Чаршија во Скопје.
-Преку илустративни фотографии ќе бидат споделени вознемирувачките пораки кои денес ги добиваат многу девојки на социјалните медиуми, велат од „Бубамара“.
Изложбата се реализира во рамките на кампањата „SEEN“ и истата се имплементира како дел од проектот Млади Градови/Young Cities финансирана од Institute for Strategic Dialoge – ISD и Democracy Lab.
Целта на оваа кампања е да ги мотивираат и охрабрат жените и девојките да пријавуваат малтретирањето со кои се соочуваат во социјалните медиуми.