Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови Скопје Синема Сити ќе се отвори со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ. Изложбата е насловена како „They Long for the Light of Your Touch" и е комплетно посветена на овогодинешниот лауреат на фестивалот Ник Кејв кој ќе добие признание за животно дело.
Изложбата ќе се одржи на 29. јуни со почеток во 20:00 часот во галеријата на КИЦ.
Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РМ, Кинотека на РМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.
Немања Ѓорѓевиќ е рок фотограф, видео режисер и уредник на порталот Балканрок, и зад себе има бројни самостојни изложби: „Расчекор“ (2012) како дел од турнејата на бендот Blockout, „Сенките на звукот“ (2015), „Небесна тема“ (2016) посветена на Влада Дивљан, „Искреност“ (2017), „Beating Drum is a Heart“ (2020) и „Марк Ланеган: Ланегановиот пат кон утрешницата“ (2022).
Учествувал и на бројни групни изложби меѓу кои се истакнуваат традиционалните „Рок моменти.“ Исто така имал изложби во рамките на фестивалот Егзит во Нови Сад, Арсенал Фест во Крагуевац, Демофест во Бањалука и Дум Дум фест во Лесковац. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” со фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгaрд, Загреб и Нови Сад и ќе биде премиерно поставена во регионот.