Во рамки на програмата на „Скопско лето“, вечер на малата сцена на МНТ ќе се одржи театарската претстава „Последната лента на Крап“.

Според професорот Гоце Смилевски од Иститутот за македонска книжевност – Скопје, оваа претстава ни покажа колку е важен живиот и отворен разговор за уметноста денес и како се преплетуваат уметничката креација и човечката егзистенција

-Можноста која ја имавме ние, гледачите, да поразговараме со актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски непосредно по изведбата на неговата (и Бекетова) претстава „Последната лента на Крап“ во Македонскиот народен театар, ни покажа колку е важен живиот и отворен разговор за уметноста денес и како се преплетуваат уметничката креација и човечката егзистенција, изјави писателот Гоце Смилевски, по изведбата на монодрамата на Јолевски.

Исто така, вечер во рамки на фестивалот ќе се одржи концерт на хорот на Национална опера и балет, под Ѕвездено небо – влезот пред Национална опера и балет.

Диригент е Јасмина Ѓорѓеска, а солисти се Невен Силјановски, Ана Ројдева, Никола Стојчески и Мартина Аврамовска.

Утре пак, ќе биде отворена изложбата на Пол Ванг од САД со наслов „Природа во математиката“. Изложбата ќе биде отворена во галеријата Ко-Ра, и е во соработка со ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 14:08