Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување на зафатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2022 09:27