Во текот на изминатиот период екипите на ЈП Паркови и зеленило по налог на Град Скопје интензивно работеа и хортикултурно ја уредија јавната површина - зелен коридор, на потегот на аголот помеѓу улицата Февруарски поход со булевар Видое Смилевски Бато до булевар Србија.

Површината од 3.635 квадратни метри претставува нов зелен коридор помеѓу коловозната лента и вело патеката, а 12.517 квадратни метри припаѓаат на широкиот појас до патеките што целосно се реконструирани и асфалтирани.

Реализацијата на овој потег опфати неколку последователни етапи со што се добива зелена реконструирана и хортикултурно уредена површина од над 16.000 квадратни метри. На целата површина поставен е нов систем за наводнување, засадена вегетација и формирани се нови тревници.

Новото зеленило го сочинуваат листопадни и зимзелени садници. Изборот на видовите е направен за да се добие естетски и функционално уредена површина, која ќе ги задоволи потребите на пешаците, велосипедистите и на учесниците во сообраќајот на овие фреквентни булевари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2022 12:48