Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Египет во својот прв настап на Медитеранските игри во Алжир.

Египетските одбојкарки беа подобри во првиот сет со 25:20. Македонките возвратија посилно во вториот сет со убедливи 25:11. Следните два повторно ги доби Египет со 25:19 и 25:23.

Во Б-групата се и селекциите на Тунис и на Грција.

Македонските одбојкарки утре во 2.коло ќе се соочат со селекцијата на Тунис. Овој натпревар почнува во 13 часот.

Три часа претходно (од 10 часот) на теренот ќе се појави и машката македонска репрезентација, протибник е селекцијата на Египет.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 03:37