Со доаѓањето на летото, сѐ поактуелно е прашањето – кои вежби се добри за отстранување на целулитот? Според познавачите, една од нив е вежбата со кревање на едната нога од лежечка положба.
Тоа се прави вака: Легнете на грб и исправете го телото и двете нозе. Свиткајте ја левата нога во коленото и истегнете ја десната нога…
Стомакот се вовлекува што е можно повеќе.
Стегнете ги мускулите на задникот и подигнете ги колковите, така што телото ќе направи права линија од рамената до коленото и десната, подигната нога. Тоа се повторува 10 пати со истата нога. Пoтoa – со другата… Стомакот и задникот треба останат затегнати.
Потоа се враќате на почетната позиција, не спуштајќе го задникот целосно на земја и тоа се повторува со другата нога. Се препорачуваат три наизменични серии од 10 поткревања – со двете нозе.