Ндерим Сарачи од Косовое победник на „Вториот отворен турнир во брз шах“ што вчера во Тетово го организираа здружението за култура „Визион М“ и шах клубот Анпасан. Победникот е првак на Косово и ја има титулата меѓународен мајстор. Второто место му припадна на Кораб Сарачи исто така од Косово. Третото место го освои Тони Лазов од Неготино кој лани беше победник на овој турнир.
–На турнирот учествуваа 142 шахисти од Македонија, Албанија, Косово и регионот се натпреваруваа преку швајцарски систем на натпреварување, во девет кола. Ова е втор пат да се одржи овој турнир во организација на здружението за култура „Визион М“ и шах клубот Анпасан. Натпреварувањето е регистрирано во Меѓународната федерација и учесниците ќе добијат поени за рејтинг. Целта беше да се зближат луѓето, за да се вклучат во добра и корисна работа и да се создаде волја за отворање други патишта на соработка, не само во рамките на Македонија, туку и во земјите од регионот, изјави Низамедин Имери од клубот Анпасан.
Победникот на турнирот доби пехар и главна парична награда.