Триесетина членови на атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија учествуваа на меѓународните трки во Грција, кои во организација на Здружението на здравствени тркачи, се одржаа во градот Килкис(Кукуш) по повод одбележувањето на неговото ослободување.
На трките што се одржаа во три дисциплини,на 10,5 километри,4,8 километри и детска трка,петмина атлетичари од бројната гевгелиска екипа беа меѓу најдобрите тркачи.
Во трката на 10,5 километри прв низ целта мина гевгеличанецот Тоше Анчев,на 4,8 километри победи неговиот сограѓанин Атанас Епов.Второплаиран на трката од 4,8 километри беше Ристо Чалков,а четврти низ целта минаа Стојан Делев на 10,5 и Никола Ковачев на 4,8 километри.
Покровител на трките кои имаат цел да го поттикнат интересот за трчање и да придонесат за одржување на физичкото и менталното здравје, беше општината Килкис.