Македонскиот претставник Магомедгаджи Нуров се пласираше во полуфиналето на турнирот во борење слободен стил на Медитеранските игри, а противник за пласман во финалето вечерва ќе му биде Мостафа Елдерс од Египет.

Нуров обезбеди полуфинале со три убедливи победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.

Своите настапи на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран ги завршија македонските каратисти Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски, откако сите тројца претрпеа порази во првото коло од Енес Гарибовиќ од Хрватска, Тамара Живковиќ од Србија и Мароканецот Набил Еч-Чаби.

Владимир Егоров и Фати Вејсели, исто така, во првото коло ги загубија своите натпревари во борење слободен стил.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 03:36