Американската атлетичарка Сидни Меклафин постави светски рекорд на 400 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката на државното првенство на САД во Јуџин со време од 51,46 секунди.
Меклафин со тоа за пет стотинки го подобри досегашниот светски рекорд, кој беше во нејзина сопственост, постигнат на Олимписките игри во Токио минатата година.
Меклафин е главна фаворитка за златниот медал на 400 метри со пречки на Светското атлетско првенство, кое од 15 до 24 јули ќе се одржи во Јуџин.