Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи го попладнево Јужнокореецот Сунву Квон со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4).

За второрангираниот тенисер на АТП листата ова беше 80. триумф на терените на Вимблдон со што стана првиот играч во историјата на светскиот тенис со најмалку 80. победи на грен – слем турнирите.

– Овој спорт ми даде сè. Не сум веќе дете, но натаму го сакам со целото свое срце. Што да кажам, 80, сега ја напаѓам стотката, порача Ѓоковиќ по пласманот во второто коло.

Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Австралиецот Танаси Кокинакис и Полјакот Камил Мајхжак.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 04:04