„Значењето на превенцијата за справување со пожари на отворено во летниот период“ беше насловена трибината одржана вчера на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Одделението за превенција во СВР Скопје.

Основна цел на овие превентивни активности се заштита и зачувување на шумските и останати површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, подигање на свеста на граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.

На трибината присуствувале претставници на ЈП „Национални шуми“, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, претставници на Шумска полиција, претставници од Противпожарната бригада на град Скопје, професори и студенти на Шумарскиот и Природно-математички факултет. Тие на трибината, соопштија денеска од МВР, дале свое видување за значењето на превенцијата на пожари и можноста на нејзино кординирано применување на сите институци со вклучување на заедницата.

Оваа трибина е дел од активностите на Одделението за превенција на СВР Скопје, кои ќе продолжат во текот на летниот период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе на подрачјето на СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 10:05