За подобра туристичка сезона во Охрид и задоволни граѓани и туристи локалните инспектори и полицијата од 1 јули ќе вршат контроли за утврдување на неправилности во градот.

Тоа било договорено на денешниот состанок на секретарот на Општина Охрид, Александар Китески со претставници од Локалниот инспекторат и СВР – Охрид.

– Со координирани активности на надлежните служби ќе се решаваат комунално-сообраќајните проблеми во Охрид летово, информира општинската прес-служба.

Релевантните служби, како што е наведено во информацијата, ќе вршат контроли на терен за утврдување на неправилностите во работењето на угостителските објекти, бучавоста во градот, одржување хигиена на јавни површини, како и неправилности во поставувањето на урбаната опрема.

На состанокот било разговарано и за проблемот со питачите, кои најчесто се од други градови, а во Охрид доаѓаат во летната туристичка сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 15:42