Норвешката служба за безбедност (НСМ) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа голем број приватни и јавни институции во таа земја биле изложени на кибер напад.

„Најверојатно зад нападот стои криминална проруска група”, се вели во соопштението на НСМ. Според соопштението, нападите биле насочени кон институции кои нудат важни услуги.

Веб-страницата на Норвешкиот трудов инспекторат денеска беше недостапна, а норвешките медиуми објавија дека таа е меѓу изложените на нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 15:45