Македонската машка кадетска репрезентација загуби попладнево од Молдавија со 3:1 (23:25, 25:21, 25:17, 25:18) во првиот натпревар на Балканското првенство во Нови Сад.
Македонија утре ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, а вчера убедливо ја совлада Молдавија.
Македонските одбојкари со поразот од Молдавија драстично ги намалија шансите за борбата за медали, а за пласман во полуфиналето избраниците на селекторот Ванче Санев треба да слават над Бугарите со три освоени бода, а потоа ќе одлучува сет, или, пак, и поен-количникот.