Американецот Џон Изнер во второто коло на Вимблдон го победи поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј со 3-1, по сетови 6:4, 7:6, 6:7, 6:4.
Ове беше прва победа на Изнер против британскиот тенисер. Пред тоа, тој ги загуби сите осум натпревари од Мареј.
Двајцата синоќа се сретнаа за прв пат од 2016 година.
Изнер се пласира во третото коло на Вимблдон за прв пат по 2018 година, кога на овој турнир стигна до полуфиналето.
На Грен слемот во Лондон од фаворитите вчера пласман во 3. коло изборија Новак Ѓоковиќ (Србија), Јаник Синер (Италија) и Карло Алкараз (Шпанија).
Наградниот фонд на Вимблдон 2022 изнесува 40,3 милиони фунти.