Македонскиот џудист Еди Шерифовски не успеа д аго помине првото елиминациско коло на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Шерифовски денес ја загуби борбата со Божидар Вучуревиќ од Босна и Херцеговина во категоријата -81 кг.

Босанскиот претставник беше подобар противник и заслужено оди во следната фаза. Тој уште на почетокот на борбата поведе со 1:0, а потоа на 1 и пол минута пред крајот изведе зафат доби ипон и предвреме ја обезбеди победата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 12:36