Подробности за сериското издание на втората генерација на „Амарок“ на „Фолксваген“, чија светска премиера е закажана за 7 јули, може да се видат низ неколку новообјавени фотографии.
Имено, автопроизводителот открива сѐ повеќе за новата генерација на „пик-ап“ моделот, којшто го следи примерот на сериозните теренски автомобили. Покрај неколкуте фотографии од финалните тестови на „Фолксваген“, има и слики од деталите од заедничките влогови со Форд, чиј теренец се крие зад името „Ренџер“.
Најмоќната верзија на „Амарок“ има „В-6“ мотор, а во понудите има и неколку четирицилиндрични мотори. Должината на новиот автомобил е 5.350 милиметри. Растојанието меѓу оските е 3.220 мм, а клиентите ќе можат да бираат меѓу бандажи широки од 43 до 53 сантиметри.
Новиот „Амарок“ ќе се произведува во Јужна Африка, а „Фолксваген“ ќе го продолжи производството на првата генерација од Аргентина.