Јавните набавки кои се однесуваат на машини и друга опрема за чистење влегува во дел од законските обврски кои Општина Аеродром ги има кон своите граѓани.

Согласно законите, обврска на општината е да се грижи за јавните површини, имотот на општината и целата опрема што е потребна за таа намена, а оттаму произлегува и нашата намера да ги одржуваме сите расположливи средства за остварување на овие цели.

Опремата што веќе е набавена, треба да биде ставена во функција на граѓаните и во функција на заложбата за одржување на чистотата на јавните површини во Аеродром.

Општината и понатаму ќе работи да ги оствари сите зацртани цели и да ги исполни законски пропишаните обврски, а истовремено ги охрабруваме релевантните институции кои во соработка со општината веќе водат постапка за посочената набавка од страна на претходната администрација да ги разрешат сите евентуални прекршувања на законите.

Воедно, изразуваме жалење што политичката партија Левица која има членови во Советот на општината јавно бара да не се оддржува постоечкиот имот на општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 23:48