Шведскиот натпреварувач во скок со стап Арманд Дуплантис постави нов најдобар резултат на сите времиња во оваа дисциплина на отворено, прескокнувајќи 6.16 метри на митингот од „Дијамантската лига“ во Стокхолм.
Олимпискиот победник од Токио, 22 – годишниот Дуплантис, во Стокхолм за еден сантиметар го подобри сопствениот најдобар резултат на отворено постигнат во јули 2020 година во Рим, кога „прескокна“ резултат што во 1994 година го постави легендарниот Украинец Сергеј Бубка.
Дуплантис е сопственик и на апсолутниот светски рекорд.
Шведскиот атлетичар во март оваа година на Светското првенство во сала во Белград ја прескокна летвичката на висина од 6.20 метри.