ЈП Улици и патишта Скопје изминатиов месец активно работат на санација на оштетените заштитни столбови на градските улици и булевари и со последниот месечен извештај на одговорните лица утврдено е дека бројката изнесува околу 300 оштетени заштитни столобови.

Како дел од тековните активности на претпријатието е и одржување на сообраќајната опрема која е оштетена некогаш од дотраеност и најчесто од несовесни граѓани.

ЈП Улици и патишта Скопје, апелира за поголема внимателност во сообраќајот и почитување на сообраќајната опрема и сигнализација со цел зачувување на безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2022 13:29