– Продолжуваат активностите во рамки на акцијата „Градежна офанзива” во чии рамки летово ќе се изврши реконструкција на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општината, соопшти Општина Илинден.

– Во Марино заврши целосната реконструкција на улица 412, која е со вкупна должина од 130 метри. Асфалтиран е и пристапниот пат до гробиштата во Дељадровци, во вкупна должина од 120 метри – се вели во соопштението.

Од општината велат дека за време на реконструкцијата на улиците увид во градежните работи извршил и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2022 15:56