Македонски тенисер Калин Ивановски избори пласман во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон.
Македонецот попладнево за еден час и 51 минута го совлада Лука Поу со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:2.
Во 1/16 финалето Ивановски ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Родриго Пачеко-Мендез (Мексико) и Алесио Базиле (Белгија).