Дојде крај на серијата на полската тенисерка Ига Швјонтек која 37 натпревари не знаеше за пораз. Вечерва за сензација на Вимблдон се погрижи француската тенисерка Ализе Корне која во 1/16финалето ја совлада Швјонтек со 2-0, по сетови 6:4, 6:2.

Корне сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше пет од шест брејк топки.

Швјонтек имаше три аса, една двојна грешка и две реализирани брејк топки од шест можности.

Во следното коло Корне ќе игра со Ајла Томљановиќ од Австралија.

Вкупен награден фонд на Грен слемот во Лондон изнесува 49 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2022 09:44