Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе мора да се задоволи само со бронзен медал од Медитеранските игри. Тој не настапи во полуфиналето поради стомачен вирус.

– Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на Бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов натчовечки стил собра сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија. За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход.Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус, соопшти Дарко Костовски, еден од тренерите на Дејан Георгиевски.

Во 2018 година Георгиевски освои сребрен медал на Медитеранските игри во Шпанија, а на овие Игри беше прв фаворит за златото.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 05:27