Поради дефект на огрлица на улица „Тиранска“ бр. 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа, како и од улиците „Лука Геров“ и „Пелинце“ во населбата Даме Груев.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:15 часот до завршување со санација на дефектот.