Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром.
Од РЦУК Скопје информираат:
- од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај,
- од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани,
- од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ бр. 30 во Општина Кисела Вода,
- од 09.00 до 12.00 часот ул. „Антон Чехов“ во Општина Ѓорче Петров, од 07.30 до 15.30 часот корисниците од улиците „Македонски Кралеви“, „363“, „Клинска Река“, „Славеј Планина“, „391“, „Стојко Јовановски“, „Св. Прохор Пчински“, „7-ми Јули“, „Максут Садиќ“, „Пере Тошев“, „Кримска“, „Исмаил Кадаре“, ул. „380“ и бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Општина Чаир и
- од 09.00 до 13.00 часот ул. „Боковиќ“ од бр. 8 – 10 и ул. „Митре Влаот“ бр. 20 во Општина Аеродром.