Почитувани граѓани на општина Бутел, започнуваме со градежна летна офанзива како никогаш до сега.

Нова ДЕТСКА ГРАДИНКА во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”

Започнуваме во соработка со Град Скопје со асфалтирање и реконструкција на улица Бутелска во должина од 1000 м2 и улица Скоевска во должина од 1800 м2.

Асфалтирање на 20 улици во сите населени места како дел од првата и втората фаза.

Нови паркови во населба Радишани и до ООУ “Св. Климент Охридски”.

Четири нови спортско рекреативни центри со спортски и детски игралишта и холтикултурно уредување. - Во населба Бутел на местото познато како “ливада”. - Во населба Радишани спроти “Олимпија” - Во населба Скопје Север. - На Улица 8 во местото викано Жегровец помеѓу Радишани и Љуботенски пат.

Нови детски игралишта во Љубанци, населба Радишани, Скопје Север, Бутел.

Нова пешачка патека во должина од 800м на улица 30 населено место Љуботенски пат.

Ново кошаркарско игралиште во Бутел 2 ООУ “Панајот Гиновски”

Ново мултифункционално игралиште во Визбегово.

Реконструкција на фудбалското игралиште во ООУ “Живко Брајковски”.

Нова ограда во ООУ “Св. Климент Охридски”.

Нови библиотеки во ООУ “Гоце Делчев” и “Петар Здравковски - Пенко”.

Целосна реконструкција и поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште во Љубанци.

Реконструкција на пристапните пешачки патеки во Скопје Север.

Опремување и оспособување на нови кабинети по хемија и физика во неколку ООУ.

Поставување нова урбана на сите места каде што е потребно.

Ново зеленило и нови зелени скверови.

Довршување на проектот за изградба на кеј на реката Серава во Радишани.

Поставување на “легнати полицајци” онаму каде што е потребно согласно потребите на граѓаните.

Општина Бутел видливо се менува. Динамичното темпо кое го наметнавме ги крена очекувањата кај граѓаните на Општина Бутел и ние сме спремни да одговориме на потребите на граѓаните. Се што е ветено ќе биде реализирано, потребно е само малку трпение.

Чесно, посветено и со многу труд ќе работиме за поквалитетен живот на нашите граѓани. Работа, работа и само работа!



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2022 15:52