Со жрепка попладнево во Скопје беа одредени полуфиналните двојки во рамки на третата група од Евроафрикандската зона на тенискиот Били Џин Кинг купот.

Македонската женска тениска репрезентација е дел од Ц конкуренцијата и е во група со репрезентациите на Јужна Африка, Боцвана и Уганда.

Утре во првото коло македонската селекција ќе игра против Уганда во второто коло в среда против Боцвана, а во последното коло в четврток противник ќе им биде Јужна Африка.

Промоција во повисокиот ранг ќе обезбеди само репрезентацијата која ќе биде севкупен победник на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 02:44