Денес во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.

За настанот градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Доделени грантови за финансиска поддршка на студенти иноватори. Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација. Мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст. Како градоначалник на општина Гази Баба ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти. Гази Баба го живее новото време. Заедно градиме успешна и силна општина, дом за сите луѓе. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 12:07