Опозициската коалиција предводена од СДСМ денеска до Собранието поднесе иницијатива за итно распуштање на Парламентот. На иницијативата е потпишана целата пратеничка група на СДСМ и нивните коалициски партнери, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски а воедно нагласи дека СДСМ останува на своите принципиелни ставови и како што рече секој обид за одлагање на изборите ќе биде доказ дека владејачката партија не сака да оди на избори на 11-ти декември. Од ВМРО – ДПМНЕ пак, по денешниот повик до опозицијата да поднесе барање за распуштање на собранието излегоа со реакција дека го прифаќаат предлогот но прво бараат да се усвои буџетот на Република Македонија за 2017 година па потоа да се премине кон распуштање на парламентот. Од владиниот партнер ДУИ, пратеникот Талат Џафери истакна дека ДУИ ќе гласа за распуштање на парламентот бидејќи не сака граѓаните да мислат дека ДУИ е дел од валкана игра за одложување на изборите, нагласи Џафери.