Македонскиот тенисер, Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Македонецот попладнево во 1/16 финалето го победи 11.носител, Родриго Пачеко Менедез во два сета.
Ивановски првиот сет го доби со убедливи 6:1, а во вториот резултатот беше 6:2, односно на противникот му препушти само три гема во меч што траеше еден час и четири минути.
Противник на македонскиот тенисер во осминафиналето ќе биде Литванецот Едас Бутвилас кој важи за 8. фаворит на турнирот.