Австрискиот амбасадор Георг Вотсас денеска го посети местото каде во саботата беше паднато дрвото, а наредниот ден исечено на трупови, а кое во 1980 година го посадила Мајка Тереза при нејзината посета на Скопје.

Амбасадорот и неговиот персонал почнале со собирање на гранките од дрвото, за од неговите семки на истото место да се обнови ново дрво.

– Со овој гест, австрискиот амбасадор, покрај тоа што се солидаризира со бунтот на ИДКНА за штетите нанесени на наследство на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, тој истовремено ја испрати пораката за мир и помирување, што беше и мисија на самата Мајка Тереза. Идејата да се соберат гранките на оваа уништена елка и да се зачуваат како реликвија што би послужиле и како семе за засадување на нова елка, најдобро ја изразува суштината на оваа порака на австрискиот амбасадор – вели проф. д-р. Скендер Асани, директор на ИДКНА.

Тој најави дека од ИДКНА чекаат одговор од градоначалникот на Градот Скопје, Данела Арсовска, за една консултативна средба во врска со настанатата состојба по уништувањето на елката на Мајка Тереза од страна на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2022 16:06