Првиот носител на Грен слемот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ откри како успеа од 0:2 да дојде до 3:2 на вчерашниот четвртфинален дуел со Јаник Синер.

Србинот победи со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2 и по 11.ти пат се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

– Во вториот сет почнав да се сомневам во моите удари. Јаник играше со правилен став, повеќе веруваше во себе. Имаше доволно самодоверба да ја диктира играта. Јас бев премногу пасивен, се случува. Да бидам искрен, навистина бев дефанзивно настроен. Пред третиот сет си одржав инспиративен говор. Овие работи помагаат кога се обидувате да ги пронајдете вистинските зборови за, да речеме, да се реанимирате. Но, тоа не секогаш функционира. Ја користев оваа техника кога загубив од Циципас во финалето на Ролан Гарос 2021 година. Нема гаранција дека ова секогаш ќе функционира, изјави Ѓоковиќ.

Тој во полуфиналето ќе игра против Камерон Нори од Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 09:33