Норвешкиот тенисер Каспер Руд кој е шести на светската ранг-листа, смета дека сервисот на Калин Ивановски со кој стави точка на вчерашниот меч со Родриго Пачеко Менедез на јуниорскиот Вимблдон, не е регуларен.

Ивановски во 2. коло на необичен начин сервираше ас и кај многумина предизвика симпатии, но Руд порача дека требало да се досуди престап при изведување на тој удар.

Македонски тенисер денес во осминафиналето ќе се соочи со Литванецот Едас Бутвилас кој важи за 8. фаворит на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 10:34