Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3 356 208 000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4 973 195 000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај годинава изнесува 1 616 988 000 евра.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите пет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 13:48