Калин Ивановски се пласира помеѓу осумте најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.

Македонецот попладнево со 2-1 го победи Едас Бутвилас од Литванија кој важеше за осми носител на турнирот.

Во меч што траеше два часа и три минути, Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, во вториот возврати со 7:5, а во третиот доминираше и го доби со убедливи 6:0.

Противник на Ивановски во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Бор Артнак (Словенија) – Педро Роденас (Шпанија).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 14:21