Без електрична енергија утре од 8 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Рилски конгрес“, „Кратовска“, „Банско“, а од 8 до 15 часот дел од корисниците на улицата „1515“ во Пинтија, сите во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8 до 12 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1550“, индустриска зона Визбегово, поточно фирмите „Астекс Графика“, „Виа Шпед“ и „Инфосет“ во општина Бутел.

Без струја утре од 8 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од Ново Село, зад бензинската Петрол Оил, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Кучково, општина Ѓорче Петров.

Корисниците од сите помали фирми и објекти во околината на „Сатра“, на улица „6“, Сава станица, Фарма Трејд, Ники Инвест, Ман Импортер, улиците „4“ и „2“ во општина Илинден ќе бидат без струја утре од 5:50 до 14 часот.

Без струја утре од 9:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Будимпештанска“, општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 15:43