Австралискиот тенисер Ник Кирјос ќе мора идниот месец да се појави пред судот за прекршоци во Канбера под обвинение за насилство.

Информацијата ја соопшти локалната полиција во австралискиот главен град, не изнесувајќи други детали во јавноста.

Дел од австралиските медиуми, меѓутоа, наведуваат дека сè е поврзано со претходно обвинение и наводи изнесени од манекенката Кјара Пасари, поранешната девојка на Кирјос и оти станува збор за „семејно насилство“.

– Ник Кирјос овие обвинувања ги прима многу сериозно, но во оваа фаза на случајот нема коментар за јавноста, изјави адвокатот на австралискиот тенисер, Џејсон Мофет.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2022 18:42