Мајк Грир застана на чело на НХЛ лигашот Сан Хозе шаркс и со тоа стана прв црномурест генерален менаџер во историјата на северноамериканската лига во хокеј на мраз.

– Исклучително сум горд и благодарен што добив шанса да бидам генерален менаџер на Сан Хозе шаркс“, изјави 47-годишниот Грир, кој го носеше дресот на овој тим од 2006 до 2009 година, а во НХЛ лигата настапуваше 14 сезони.

Грир доаѓа на местото на Даг Вилсон, кој на почетокот на април поднесе оставка на местото генерален менаџер на Сан Хозе шаркс поради здравствени причини по 19 години на чело на франшизата, која во последните три сезони ги пропушти настапите во плејофот.

Грир минатата сезона беше специјален советник во Њујорк Ренџерс, а неговиот постар брат Крис Грир е генерален менаџер во НФЛ лигашот Мајами Делфинс.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 03:02