Денес во просториите на општина Гази Баба се оддржа проштална средба помеѓу градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална средба на фејсбук на која напиша:

Средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс Утрово во просториите на општина Гази Баба имав средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс. Оваа средба се организираше по повод заминувањето на Амбасадорот од Република Македонија. На средбата истакнав благодарност до Амбасадорот Н.Е. Ласло Иштван Дукс за успешната соработка која ја имаше општина Гази Баба со Амбасадата на Унгарија во изминатиот период. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 11:15