Тунижанката Онс Жабер ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Вимблдон попладнево ја победи германската тенисерка Татјана Марија со 2-1, по сетови 6:2, 3:6 и 6:1.

Дваесет и седумгодишната Жабер за прв пат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир. Пред Вимблдон, нејзиниот најдобар резултат беше четвртфинале. Генерално, финалето на Вимблдон ќе биде нејзино петто оваа сезона и деветто во кариерата.

Жабер оваа година освои две титули – ВТА 1000 во Мадрид и турнирот на трева во Берлин.

Сега таа има серија од 11 победи по ред. Севкупно, го доби својот 36. меч оваа сезона. Само светскиот рекет број 1, Ига Швјонтек има повеќе победи (46) во ВТА.

За титулата Жабер ќе игра со победничката од мечот Симона Халеп (Романија) – Елена Рибакина (Казахстан).



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 19:32