Македонската футсал репрезентација ќе игра во групата 10. од главната фаза во квалификациите за пласман на Светското првенство 2024 заедно со селекциите на Италија и Шведска, одлучи жрепката во Нион.

Европските репрезентации ќе се борат за седум места за јубилејното 10. СП во футсал, кое ќе се одржи во 2024 година, а домаќинот дополнително ќе биде одреден. Интерес за тоа изразија Иран, Индија, Мароко, Мексико, САД и Гватемала.

Победниците во 12. квалификациски групи и четири најдобро второпласирани репрезентации ќе се пласираат во Елитната рунда, а преостанатите второпласирани репрезентации ќе играат дополнителни квалификации.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2022 15:47