​[photo]

Општина Центар ги информира граѓаните дека од понеделник (11.7.2022) се менува саатницата за отворениот ден за прием на странки.

– Наместо како што беше досега, секој вторник и четврток од 13:00 до 15:00 часот, отсега секторите ќе примаат странки од 9:00 до 11:00 часот, информираат од општината.

Промената, како што посочуваат, се врши со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, имајќи предвид дека се работи за летен период со високи дневни температури.


Од идната недела прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот

Во времето предвидено за прием на странки, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со надлежните општинските служби.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2022 17:33