Дијабетесот е болест што се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира. Болеста се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин.

Инсулинот е хормон кој што го регулира нивото на гликоза во крвта. Луѓето што имаат дијабетес може да имаат нормален здрав живот. Меѓутоа слабо контролираниот дијабетес може да доведе до компликации како што се срцеви заболувања, заболувања на бубрезите, слепило, нервни заболувања и др.

Дали дијабетесот може да се спречи?

Здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност може да доведе до спречување на оваа појава.

Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

Луѓето со дијабетес треба да ја одржуваат телесната тежина и да конзумираат одреден вид на храна:

- храна сиромашна со масти (посебно со заситени масти),

- со малку шеќер,

- со малку сол,

- богата со овошје и зеленчук

- богата со сложени јаглени хидрати

Генерално луѓето со дијабетес, нема потреба целосно да го исфрлат шеќерот од исхраната, но треба да конзумираат мали порции храна богати со шеќер и масти. Организмот на секој човек е подложен на ова заболување. Како превентива, исхраната треба да е природна и здрава и да изобилува со јаглени хидрати, витамини и минерали.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2022 02:52