Триглицеридите се маснотии кои ги внесуваме преку храната, но ги има и во масните клетки во телото. Кога организмот сака да ги искористи мастите од храната, триглицеридите мора прво да ги разградат ензимите на глицерол и на масни киселини.
Разградените производи се искористуваат во метаболизмот (глицеролот се претвора во гликоза) , која може да се искористи за создавање енергија, а масните киселини се разградуваат до едноставни при што исто така настанува енергија.
Обратно,ако јадеме премногу храна која содржи јаглероднихидрати, вишокот се претвора во триглицериди и се складира како телесни маснотии.
Затоа ако е зголемена вредноста на триглицеридите во крвта, првенствено треба да се намали внесувањето храна која содржи јагленороднихидрати и масти.
Зголеменото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од атеросклероза. Често оваа состојба е поврзана и со зголемен холестерол во крвта.
Дозволена храна
- Пастеризирано млеко, кисело млеко, кефир, јогурт (со најмногу 0,1% млечни масти), свежо кравјо сирење.
- Варена бела морска риба, готвена сардина, туна, харинга, лосос, пилешко и мисирка без кожа.
- Дозволено, но ретко и во помали количества-говедско,телешко и јагнешко ако е без маснотии, јајца.
- Зелена салата, зелка, кељ, блитва, спанаќ, моркови, краставица, тиквички, пиперка, домати, брокула, карфиол, бамија, печурки, целер, кромид, соја и соини производи.
- Дозволено ,но ретко и во помали количества-компир (варен и во помали количества),ориз, грав, грашок, леќа.
- Јаболка, вишни, дуњи, јагоди, малини, капини, рибизли, боровинки.
- Дозволено, но ретко : Цреши, круши, праски,сливи, портокали, мандарини, киви, диња, лубеница.
- Чај со вештачки засладувачи или без шеќер, минерална вода.
- Дозволено, но ретко и во помали количества-овошни сокови без шеќер, црно кафе со вештачки засладувачи или без шеќер.
- Дозволено, но ретко и во помали количества-тестенини од кој било вид,палента,леб од интегрални зрна (црн ржан).
- Благите работи се целосно забранети
- Во помали количества дозволен е и мармалад за дијабетичари.
- Дозволени се сите зачини
- Маслиново масло. Дозволено но ретко и во помали количества-масло од маслодајна репка, соино и сончогледово масло.
Забранета храна
- Млеко и млечни производи, маргарин ,павлака, топени и помасни сирење (со повеќе од 25% млечни масти),полномасно млеко (со повеќе од 0,9 % млечни масти)
- Масно свинско и говедско месо,јазик, паштета,месни конзерви, сланина,џимиринки, колбаси,салами, месни нарезоци, ракчиња, џигер.
- Компир,пченка,кикиритки.
- Грозје, банани, смокви,сушено и кандирано овошје, лешници, ореви,бадеми,сите видови компот со шеќер, слатко тропско овошје.
- Сите алхохолни напивки (жестоко,вино,пиво), сите сокови со додаток на шеќер, сите газирани сокови како и чоколадо.
- Леб,печива и тестенини
- Чипс, смоки, крекери,тесто од компир на сите начини.
- Шеќер и мед во сите облици, разни колачи, чоколади, бонбони, сладолед, пудинг, палачинки и тесто пржено во маснотии.
- Мајонез, кечап.