Мнозинството двојки во просек љубов водат два до трипати неделно. Меѓутоа, статистиката варира кога се во прашање различни генерации, но и различни карактери, сексуални темпераменти, па дури и нивото на сексуални хормони во крвта.

Како што тврди њујоршкиот уролог Хари Фиш, дваесетгодишниците се трудат да имаат секс секој ден (некогаш и по повеќе пати) додека нивните врсници во постојани врски најдолго можат да издржат три дена без размена на нежности под чаршавите. За разлика од нив, луѓето измеѓу 30 и 50 години во просек имаат секс еднаш до двапати неделно, а оние оние постарите вкупно неколкупати месечно.

Колку често ќе имате секс не зависи само од годините, туку и од должината на врската. Двојките кои се долго заедно, а особено, ако имаат мали деца, едноставно не наоѓаат време за да ги задоволат своите страсти. Сепак, без оглед на се’, оние кои се во брак имаат повеќе секс отколку момците и девојките кои се сингл или често менуваат партнери.

„Некои луѓе поретко водат љубов од другите, но без оглед на тоа се среќни како во љубовта, така и со самиот сексуален чин, кога ќе дојде до него. Она што е важно, за здрав однос меѓу партнерите е да имаат слични сексуални апетити. Сепак, доколку дојде до тоа потребите и желбите да не се совпаѓаат, сето тоа може да се усогласи со комуникација“, смета Фиш.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2022 02:54