Листата на причини кои предизвикуваат пневмонија е обемна и ги вклучува речиси сите организми кои можат да предизвикаат инфекција: вируси, бактерии, бактериолошки организми, габи и паразити (вклучувајки и некои црви). Различни организми ја предизвикуваат болеста кај различни старосни групи. Други карактеристики кои го зголемуваат ризикот од пневмонија кај секој поединец се:
Вирусите кои најчесто предизвикуваат пневмонија кај децата (особено респираторниот синцитичен вирус, параинфлуенцата и вирусите на инфлуенза и аденовирусот). Возрасните често се заразуваат од бактерии (како што е стрептокока пневмоника, хемофилиус инфлуенца и стафилококис ауреас).
Пневмонијата кај постарите деца или адолесцентите е предизвикана од бактериолошката честица микроплазма пневмоника (често се нарекува "шетачка" пневмонија).
Пневмоцитис каринии е исклучително важен предизвикувач на пневмонија кај пациенти кои имаат потешкотии со имунолошкиот систем, како што се пациентите кои се лечат од рак со хемотерапија или пациентите заболени од СИДА.
Иако обично се класифицира во родот на паразити, се чини дека има поголеми сличности со габите. Луѓето кои доаѓаат во допир со измет од птици, како што се работниците во живинарските фарми, можат да заболат од леукемија предизвикана од организмот кламидија пситаци.
Голема, сериозна епидемија на пневмонија настана во 1976 година, кога многу учесници на конвенцијата на Американската Легија се заразија од тогаш непознат организам. Истиот откриен подоцна се нарече Легионела пневмофила, кој популарно се нарекува "Легионерска болест."
Организмот се детектираше во уредите за разладување на воздухот во хотелот во кој се одржуваше конвенцијата.
Било кој пациент кој има треска, кашла, чувствува болки во градите, не може да дише или има зголемен нагон за дишење (број на вдишувања во минута) може да е заболен од пневмонија. Треска со ладни морници е уште поголем доказ. Многу пациенти искашлуваат густ секрет, кој едноставно се нарекува исплувок.
Овие секрети се создаваат во алвеолите при инфекцијата или при друго придружно воспаление. Често можат да содржат гној или крв. Тешките случаи на пневмонија резултираат во недостаток на кислород во организмот. При оваа појава доаѓа до помодрување на заноктиците или усните (цијаноза).
Симптомите ги предизвикува надворешен организам, делумно преку предизвикување на повратна имунолошка реакција на белите дробови. Со други зборови, имунолошкиот систем кој би требало да се пресметува со инфекцииите, започнува да реагира со таква сила што доведува до оштетување на белодробното ткиво и го прави уште поподложно на инфекција. Малите крвни садови во белите дробови (капиларите) стануваат течни и течноста богата со протеини се влева во алвеолите.
Пациентот се соочува со недостаток на кислород, за сметка на преголемото количество на ослободениот јаглерод диоксид. Пациентот започнува се побрзо да дише, во напорот да внесе што повеке кислород а да исфрли што повеке јаглерод диоксид.
Создавањето на слуз се зголемува, растечените капилари можат да ја помешаат слузта со крв. Слузта уште повеке ја нарушува нормалната размена на гасови во белите дробови.
Алвеолите и понатаму се полнат со течност и отпадни честици кои ги ослободуваат белите крвни клетки во борбата за сузбивање на инфекцијата. Спојувањето, карактеристично за бактериската пневмонија, настанува кога алвеолите кои се вообичаено шупливи воздушни меурчиња во белите дробови, наеднаш стануваат тврди благодарение на количествата на течност и отпадни честици.
Вирусната пневмонија и микоплазма пневмониите не доведуваат до ваква појава. Овие видови на пневмонија обично ги напаѓаат ѕидовите на алвеолите и белодробното крило.
Честота на симптомите
Кашлица - 79–91%
Замор - 90%
Треска - 71–75%
Краток здив - 67–75%
Спутум - 60–65%
Болка во градите - 39–49%