Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е победничка на Вимблдон 2022. Таа попладнево, во финалето, за еден час и 17 минути ја победи Онс Жабер со 2:1 (3:6, 6:2 и 6:2).
За Рибакина ова е прв трофеј од Грен слем турнирите. Таа е најмладата шампионка на Вимблдон од 2011 година.
Дваесет и тригодишната Рибакина која во моментов е 23. на ВТА рангл-листата стана првата претставничка на Казахстан која победила на Грен слем турнир во сингл.
Рибакина е родена од Москва, која го промени државјанството во 2018 година, ја освои третата титула во кариерата и прва од 2020 година.
Таа ја прекина серијата од пет порази против топ 10 тенисерки победувајќи за прв пат по Олимпијадата во Токио.
Во последните 16 година Рибакина е првата тенисерка која ја освоила титулата на Вимблдон, откако го загуби првиот сет. Покрај тоа, таа стана најмладата шампионка на Вимблдон од 2011 година, кога Петра Квитова ја освои титулата на 21 година.